Добри вести за Јокиќ - можеби ќе остане во трка за МВП наградата
Новинарот на ЕСПН вели дека центарот на Денвер треба да се врати до крајот на јануари, по повредата што ја заработи кон крајот на минатата година на дуелот со Мајами, кога доживеа хиперекстензија на левото колено.
Доколку тоа навистина се случи, Јокиќ би имал доволно време да собере 65 натпревари во регуларната сезона, што е предуслов за да биде во конкуренција за најважните награди во најсилната кошаркарска лига во светот.
„Јокиќ продолжи со тренинзите, закрепнувањето оди според распоредот, ако не и побрзо. Тој треба да се врати со тимот до крајот на месецот. Тоа е во согласност со првичната проценка од четири недели, Нагетс се оптимисти. Јокиќ би можел да се врати до крајот на јануари. „Ако успее во тоа, тоа ќе му даде простор да ги исполни условите за награди, рече Чаранија.
И покрај повредата, Јокиќ сè уште е во водство во трката за МВП. Оваа сезона тој има просек од 29,6 поени, 12 скока и 11 асистенции, но досега пропушти вкупно десет натпревари и има можност за максимум уште седум до крајот на сезоната, а на Денвер до крајот на јануари му остануваат уште девет.