Ајакс доживеа тежок дебакл, навивачите удрија по - Хрват!

Ужасната вечер на Ајакс помина незабележително покрај поразот на Реал Мадрид, но холандскиот гигант синоќа прими дури шест гола од АЗ Алкмар во меч од Купот на Холандија.

АЗ Алкмар го победи Ајакс со 6-0 и го исфрли од холандскиот куп, а на мета на навивачите е хрватскиот фудбалер Јосип Шутало.

За Шутало ова беше прв меч по враќање од подолга пауза поради повреда, но фановите на Ајакс немаа милост за Хрватот.

„Шутало е толку лош. Една сезона одигра добро, но тоа не смее да не залаже. Ако после ова некој го брани Шутало... Тој е толку лош, многу ме изнервира“, напиша еден навивач на Твитер.

„Ни треба голема реконструкција ако сакаме да бидеме сериозни. Шутало е еден од првите кој мора да го напушти Ајакс. Носете го од мојот клуб додека не е доцна“, додаде друг.