Циркусот продолжува: Вардар го продаде Мато во Канзас за огромни пари!

Во вистински циркус се претвори ситуацијат со Роџерс Мато во редовите на Вардар.

Имено, вчера шкотски Хартс објави дека се договорил со Мато кој според нив во Шкотска треба да се пресели по истекот на договорот со Вардар на лето, но денеска од таборот на „црвено-црните“ пристигнуваат поинакви информации.

Имено, Вардар информираше дека ја прифатил понудата за Мато од тимот на Канзас Сити од МЛС лигата.

 ФК Вардар АД реши да ја прифати милонската понуда од екипата на Спортинг Канзас Сити од Канзас САД. Клуб што се натпреварува во најсилната MLS фудбалска лига во САД. Останува сега Канзас и Мато да ги договорат условите под кој тој ќе настапува таму. За очекување е плата од околу 40.000 долари месечно, плус бонуси“, објави Вардар.

Исто така според Вардар 20% од сумата од трансферот ќе добие и Брера. 

Од Вардар објавија и фотографии од разговорите со луѓето од Канзас. Инаку, повеќе за ситуацијата помеѓу Мато и Вардар можете да прочитате - ТУКА.