Готово: Манчестер јунајтед има нов тренер!

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, ќе биде новиот тренер на гигантот од „Олд Трафорд“, според последните информации сите детали се договорени и наскоро се очекува официјална потврда.

Како фудбалер Керик помина 12 години во Јунајтед и имаше кратка епизода како привремен тренер во 2021 година. Покрај него во конкуренција беше и Солшер, меѓутоа на крајот раководството постигнало договор со Керик.

Според „Тајмс“, предноста ја добил поради впечатокот што го оставил за време на разговорите со челниците на клубот, вклучувајќи го извршниот директор и спортскиот директор.

Солшер, кој го водеше клубот од 2018 до 2021 година, исто така беше сериозен кандидат и одржа состанок со претставници на клубот, меѓутоа ќе мора да почека некоја нова прилика да се врати на „Олд Трафорд“.

Инаку, Керик е без ангажман откако го напушти Мидлзброу во јуни минатата година.