Магија на Собослаи: Ливерпул го елиминира Барнсли од ФА-купот (ВИДЕО)

Англискиот шампион Ливерпул славеше со 4-1 против Барнсли во третата рунда од ФА-купот.

Доминик Собослаи со прекрасен гол го отвори мечот во деветтата минута, додека Жереми Фримпонг зголеми на 2-0 во 36. минута, а Барнсли успеа да ја врати неизвесноста преку Адам Филипс во финишот на првото полувреме.

Ливерпул постигна уште два гола до крајот на мечот, и тоа преку Флоријан Вирц и Уго Екитике во завршницата за конечни 4-1.

Фото: Facebook/Liverpool FC