Галагер се враќа во Лондон - ќе игра за голем ривал на Челси!

Поранешната ѕвезда на Челси, Конор Галагер повторно се враќа во Лондон, но овој пат ќе игра за Тотнем, откако премиерлигашот се договори со Атлетико Мадрид за трансфер вреден 40 милиони евра.

Галагер претходно беше во преговори со Астон вила и прифати трансфер, но Тотнем се вклучи во последен момент во трката и понуди 10 милиони евра повеќе од тимот од Бирмингем, по што ја доби битката за потписот на Англичанецот.

Детето на Челси претходно играше за „сините“, но и на позајмица во Чарлтон, Свонси, ВБА и Кристал Палас, по што во 2024 година го облече дресот на Атлетико.

Фото: Facebook/Atlético de Madrid