Катастрофа за европскиот шампион: ПСЖ елиминиран од Купот на Франција (ВИДЕО)

Европскиот шампион ПСЖ беше елиминиран од Купот на Франција од градскиот ривал Париз ФК со 0-1 во битката за осминафинале.

ПСЖ доминираше во мечот и создаде дури 25 шанси, но ниту една од нив не беше реализирана, по што се очекуваше казна од противникот.

Казната конечно пристигна во 74. минута кога Џонатан Иконе погоди за конечни 1-0 за Париз, по што ПСЖ имаше уште неколку добри шанси, но не успеа да ги искористи.

Фото: Paris FC/Facebook