Јувентус со „петарда“ го разнесе Кремонезе (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус го одиграа најдобриот меч оваа сезона и триумфираа со 5-0 против Кремонезе во 20. коло од Серија А.

„Старата дама“ уште во првото полувреме го најави триумфот, откако во листата на стрелци се запишаа Бремер, Џонатан Дејвид и Кенан Јилдиз.

Филипо Терачино ја продолжи мизеријата на Кремонезе со автогол (0-4), а Вестон Мекени во 64. минута ги постави конечните 5-0.

Фото: Facebook/Juventus