Вардар ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната (ФОТО)
Тренерот Иван Чупиќ денеска го означи стартот на подготовките, но не може во моментов да смета на неколку ракометари, како Марек Марчињак, Урош Митровиќ, Никола Боно и Виктор Јанковски
Вардар ќе имаат подготовки во Скопје, по што се селат во Словенија на турнир каде што ќе играат неколку натпревари.
Првиот натпревар на „црвено-црните“ во Суперлигата е закажан на 7 февруари против Куманово.

