Модриќ стана трет највозрасен играч што погодил во Серија А
Ветеранот го постигна победничкиот гол за „росонерите“ во 85. минута, со што им обезбеди победа од 2-1 на гостувањето кај Пиза. Според Опта, пред Модриќ (40 години и 157 дена) се само Алесандро Костакурта (41 година и 25 дена) и рекордерот Златан Ибрахимовиќ (41 година и 166 дена).
Во сезоната 2025/26, прва во дресот на Милан, Модриќ постигна два гола и забележа три асистенции на 26 натпревари.