Судијата кој го запроси своето момче нападнат и по вторпат!

Германскиот аматерски судија Паскал Каисер кој неодамна пред полн стадион во Бундеслигата го запроси своето момче на натпреварот помеѓу Келн и Волфсбург поминува низ вистински пекол.

Имено, во само седум дена Кајсер бил по вторпат нападнат, а детали за овој втор напад засега не се познати.

Ќе потсетиме, веднаш по натпреварот во кој го запроси своето момче тој добил голем број закани, а во првиот напад пред една недела го нападнаа тројца мажи додека бил во својот вор. Тогаш тој излезе и во медиумите објаснувајќи го нападот.

Неговата определба во јавноста е позната уште во 2021 година кога јавно се декларираше како бисексуалец и често зборуваше за ЛГБТ правата во професионалниот фудбал.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 1. FC Köln (@fckoeln)