Tудор седна на клупата на Тотнем: Овој тим има квалитет

Екипата на Тотнем денеска и официјално го потврди ангажманот на Игор Тудор кој ќе стави потпис на договор со лондонскиот клуб до крајот на сезоната.

На клупата на Тотнем, Тудор доаѓа на местото на Томас Франк кој си замина по очајните резултати бидејќи „петлите“ во овој момент се наоѓаат на дури 16-тата позиција во Премиер лигата.

„Чест ми е што доаѓам во клубот во еден вака важен момент. Свесен сум за одговорноста и мојот фокус е јасен, да донесам поголема конзистеност и подбри резултати. Сметам дека овој состав има квалитет и моја работа ќе биде да направам добра организација“, порача Тудор.

Тудор без ангажм беше по разделбата со Јувентус, а работеше уште во: Галатасарај, Удинезе, Верона и Марсеј.