Виктор Петков го освои 55. место по втората трка во Кортина

Maкедонскиот натпреварувач во велеслалом, Виктор Петков по настапот во втората трка го освои 55. место.

Времето на Петков од двете возења беше 2:48:37 минути со што заостануваше 24 секунди и 367 стотики зад сензационалниот победник, Бразилецот Лукас Пинеиро Братен.

За Македонија до крајот на Олимписките Игри ќе настапи уште Јана Атанасоваска која ќе се натпреварува во велеслалом и слалом на 15 и 18 февруари.