Селта е зрела за борба за Европа, трет пораз по ред за Севиља

Фудбалерите на Селта продолжија со одличните резултати во Ла Лига, откако вечерва триумфираа со 1-0 на гости кај Севиља во 19. коло од шпанскиот шампионат.

Единствениот гол беше постигнат дури во 88. минута од натпреварот, кога Маркос Алонсо ја презема одговорноста и упати прецизен удар од пенал.

Селта има 29 бодови и се наоѓа на делба на шестата позиција во Ла Лига, додека Севиља е на 14. место со 20 поени.

Фото: Facebook/RC Celta