Ракометарите тренираа во Силкеборг, а утре патуваат за Хернинг (ВИДЕО)

Македонската ракометна репрезентација ги има завршните подготовки пред почетокот на Европското првенство (ЕП), па така ракометарите денеска тренираа во Силкеборг, а утре патуваат за Хернинг.

Ракометарите попладнево имаа тренинг во Силкеборг, каде што продолжија со темпирање на формата, а со подготовките ќе продолжат во Хернинг, по што им следи првата пресметка на 16 јануари против Данска од 20.30 часот.

Два дена подоцна Македонија ќе се соочи против Португалија до 18 часот, а последниот меч од првата фаза го игра против Романија на 20 јануари од 18 часот.