Реал Мадрид експресно го назначи наследникот на Алонсо (ФОТО)
Алонсо разочара со резултатите на кормилото на „кралевите“ во првиот дел од сезоната, а поразот против Барселона дополнително го налути Флорентино Перез.
На кормилото на екипата од Мадрид експресно беше назначен Алваро Арбелоа, кој во кариерата го носеше и дресот на „кралевите“, а играше и за екипи како Ливерпул, Депортиво Ла Коруња и Вест хем.
Арбелоа претходно го тренираше Реал Мадрид Кастилја, а сега доби шанса да се покаже во првиот тим на „кралевите“.
Фото: Facebook/Fabrizio Romano