Продолжи чистката во Битола, Пелистер се раздели со уште двајца фудбалери
Од денеска членови на битолскиот клуб повеќе не се Филип Тодороски и Јорданчо Наумоски.
Наумоски во Пелистер пристигна пред две години, а во текот на својата кариера има настапувано и за Победа, Тиквеш, Металург, Брондби и 11 Октомври.
Toдороски пак во Битола дојде од Воска Спорт, а претходно беше дел од Работнички и младинските категории на Победа.
Во наредниот период се очекува раководството на клубот да се фокусира и на доведување нови имиња со кои ќе се засили тимот за продолжението на првенството.
Пелистер првиот дел од сезоната го заврши на деветтата позиција на табелата со 16 бодови од исто толку натпревари.