Луис Нани е во топ форма - даде гол и прослави со салто! (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Луис Нани на 39 години потсети на својата славна прослава од играчките денови.

Нани кој е пензиониран се појави  на натпревар во мал фудбал каде што постигна гол кој одлучи акробатски да го прослави со салто, нешто што беше негов заштитен знак низ кариерата.

Во својата кариера во која одигра 230 натпревари за Манчестер јунајтед, Нани настапуваше уште во Турција, Шпанија, Италија, Австралија и САД.