Хаос на Африканскиот Куп на Нации - се степаа новинарите на Алжир и Нигерија! (ВИДЕО)

Новинарите кои ги следат репрезентациите на Алжир и Нигерија на Африканскиот куп на нации предизвикаа инцидент по вчерашната четвртфинална пресметка на овие две селекции.

Веднаш по последниот судиски свиреж беа забележани големи тензии и конфликт меѓу фудбалерите на теренот, но хаотичните сцени не завршиле на теренот, а ги продолжиле новинарите во микс-зоната.

За среќа, според информациите немало посериозно повредени, но јасно е дека ваквото однесување не доликува на едно големо континентално натпреварување какво што треба да биде Африканскиот куп на нации.