Договор на повидок: Челси од идната недела со нов тренер!

Англискиот тренер Лијам Росениор е на чекор до преземање на клупата на Челси, oбјави италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо.

Според информациите на Романо, Росениор вчера вечер пристигнал во Лондон, а комплетно тимот би требало да го преземе од почетокот на идната недела кога сите формалности ќе бидат завршени.

„Лијам Росениор пристигна во Лондон пред потенцијалното назначување во Челси. Интервјуто ќе се одржи во наредните 24 часа, а се очекува Росениор официјално да стане нов менаџер на Челси следната недела. Стразбур во меѓувреме бара најдобра можна замена“, стои во објавата на Романо.

Поранешниот фудбалер на Фулам, Рединг, Хал и Брајтон веќе неколку дена се споменува како најсериозен кандидат за наследник на Енцо Мареска на „Стемфорд Бриџ“, а според најновите информации, договорот е многу блиску до реализација.

Росениор, кој моментално го води францускиот Стразбур, претходно имаше кратки тренерски ангажмани во Дерби каунти и Хал сити. Преземањето на Челси би бил најголемиот предизвик во неговата тренерска кариера.

Челси вчера одигра нерешено во Манчестер во големото дерби против екипата на Пеп Гвардиола, а тимот привремено го водеше Калум Мекфарлин, тренерот на младинската екипа на „сините“.