Рома загуби и од Аталанта: Скалвини со еден гол го реши дербито
Рома се наоѓа во резулататска криза, а лошо го почна и мечот во Бергамо бидејќи прими гол по само 12. минута од Џорџо Скалвини.
Домаќините погодија уште еднаш, и тоа во 29. минута преку Џанлука Скамака, но ВАР-технологијата го поништи голот поради офсајд.
Римјаните во продолжение не успеаја да возвратат и да ја затресат мрежата на ривалот, па на крајот си заминаа дома со празни раце.
Рома е на петтата позиција со 33 бодови, додека Аталанта се искачи на осмото место и има 25 поени.
Фото: Facebook/Atalanta