Дејвид промаши пенал: Јувентус освои само бод против Лече (ВИДЕО)

Поранешниот италијански шампион Јувентус повторно киксна во Серија А, откако вечерва освои само бод против Лече (1-1) на домашен терен.

Лече ја затресе мрежата на „Старата дама“ во 47. минута преку Ламек Банда, а на стартот на второто полувреме Вестон Мекени израмни на 1-1.

Јувентус имаше одлична шанса за пресврт, а одговорноста да изведе пенал во 66. минута ја презема Џонатан Дејвид и тоа не се покажа како најпаметна идеја затоа што напаѓачот не го реализираше ударот од белата точка.

„Старата дама“ е на петтата позиција со 33 бодови, односно пет поени помалку од лидерот Милан.

Фото: Facebook/Juventus