Чудо се случи во Премиер лигата: Вулверхемптон дојде до првата победа и тоа во - 20. коло (ВИДЕО)
„Волците“ го направија тоа дури во 20. коло, совладувајќи го на домашен терен тимот на Вест Хем со 3-0. Сите три гола беа постигнати во првото полувреме, а беа дело на Аријас, Хванг и Мане, од четвртата до 41. минута. Интересно е тоа што гостите за целиот натпревар немаа ниеден удар во рамките на голот, а овој меч најверојатно ќе биде последен на клупата за менаџерот Нуно Еспирито Санто имајќи предвид дека и „чеканите“ се во незавидна ситуација и е можно да испаднат.
Вулверхемптон се наоѓа убедливо на последното место, но имаше исклучително успешна недела бидејќи прво одигра нерешено со Манчестер Јунајтед, а денеска и го победи Вест Хем, па во овие четири дена освои четири од вкупно шесте бода.