Поразот од Арсенал бил само лош ден, Астон вила го прескокна Сити! (ВИДЕО)
Избраниците на Унаи Емери уште еднаш покажаа дека сезонава можат да бидат конкурентни дури и за врвот на табелата и одиграа натпревар во кој доминираа од почетокот до крајот на средбата.
Резултатот сепак беше отворен дури во самиот финиш од првиот дел кога Воткинс со одличен удар по додавањето на Роџерс ја затресе мрежата.
Само што започна второто полувреме преку капитенот Мекгин, Астон вила постигна и вор гол. Надежта на гостите ја врати Гибс Вајт во 61. минута, меѓутоа се покажа дека тоа е само еден момент на блесок кој не беше доволен.
Да нема драма се погрижи повторно Мекгин кој во 73. минута ги постави конечните 3-1.
Астон вила со овој триумф го прескокна Манчестер сити на табелата, но „граѓаните“ утре го играат својот натпревар од 19. коло и тоа во дербито со Челси.