Фудбалер на Интер Мајами: Ќе се онесвестев кога за првпат го видов Меси!
Меси е еден од најдобрите фудбалери во историјата и многу играчи сакаа да играат заедно со него, а таа желба му се исполнила на Брајт.
„Лео е многу скромен човек со неверојатна енергија. Кога го видов првпат, речиси се онесвестив, и покрај тоа што се обидов да се подготвам за средбата. Се претстави како нормален човек, иако е лидер на теренот и надвор од него. Пред натпреварите наоѓа начин да нè мотивира“, открива 24-годишниот фудбалер.