„Да се игра Суперкупот на Шпанија во Саудиска Арабија е големо ср*ње!“
Фудбалерот на Атлетик не гледа логика во тоа турнирот да се одржува во Саудиска Арабија затоа што им ја одзема можноста на домашните навивачи да го следат натпреварувањето од трибините.
„Да се остави жената и детето тука е навистина тешко. На располагање сум на клубот и ќе одиграм најдобро што можам на Суперкупот, но не ми се допаѓа идејата да играме во Саудиска Арабија. Мислам дека тоа е ср*ње“, кажа Вилијамс.