Ривалите на апарати: Ѓоковиќ откри до кога ќе игра – ги шокира буквално сите!
Тој нагласи дека таа цел му е силна мотивација, додека примарен фокус за годината што претстои останува освојувањето на рекордната 25. гренслем-титула.
„Ќе играм на ЛОИ во Лос Анџелес. Тие Игри се моја водилка. Нема граници – додека се чувствувам добро, телото ми издржува и играм на високо ниво, зошто да не“, изјави Ѓоковиќ.
Српскиот ас потенцираше и дека сака да остане активен актер во развојот на тенисот, особено во период на најавени промени.
„Важно ми е како ме доживуваат новите генерации – не само поради резултатите, туку и поради карактерот и вредностите. Треба да се знае од каде доаѓаш, да се почитуваат семејството и културата и достоинствено да се претставиш пред светот“, додаде тој.
Ѓоковиќ во моментов се подготвува за настапот на Австралија опен, каде што ќе го има првиот следен обид да дојде до јубилејната гренслем-круна.