Пелистер ја прекина соработката со кружниот напаѓач од Египет!

Македонскиот ракометен шампион, екипата на Пелистер, спогодбено го раскина договорот со Мохамед Калид Валид пред неговиот истек, информираа денеска од клубот.

Двете страни постигнале заедничка согласност за промена, по што процесот бил реализиран брзо и без отворени прашања. Египќанецот со „пелистерци“ го освои Суперкупот на Македонија, а остави забележителен печат и со настапите во Лигата на шампионите, како и во домашната Суперлига, каде со својата енергија и искуство придонесе во ротацијата на тимот. Од Пелистер му се заблагодарија на ракометарот за професионалниот однос и придонесот во зелено-белиот дрес, посакувајќи му многу успех и среќа во продолжението на неговата кариера.

Станува збор за репрезентативец на Египет, кој игра на пикерската позиција и кој во август годинава дојде во Битола, каде што се задржа помалку од шест месеци.