Пелистер тргна по засилувања: На „радарот“ на битолчани се двајца Македонци

Македонскиот прволигаш Пелистер немаше најдобри резултати во првиот дел од сезоната, па поради тоа битолчани сакаат да се засилат за време на зимскиот преоден рок.

Пелистер веќе на „радарот“ има двајца Македонците, а „xmksport“ пишува дека тоа се искусниот напаѓач Влатко Стојановски и фудбалерот за врска на Конкордија, Томче Гроздановски.

Стојановски во кариерата играше за неколку македонски екипи како Металург, Ренова, Шкендија, Работнички и Беса, но има искуство и во странство во тимовите на Ним, Горица, Септември Софија, Сплит и Неретванац.

Гроздановски, од друга страна, минатото лето се пресели во тимот од Романија, откако претходно играше за Силекс, Работнички, Вион, Дугопоље и Кожуф.

По 16 одиграни кола, Пелистер се наоѓа на деветтата позиција со 16 освоени бодови и ја чека тешка битка до крајот на сезоната.