Кафу оптимист: Модриќ ќе го врати Милан на врвот!

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е еден од најважните членови на Милан оваа сезона, а за него зборуваше и легендарниот дефанзивец Кафу.

Бразилецот има богата кариера зад себе, а во еден дел од неа играше и за Милан, па верува дека „росонерите“ ќе се вратат на врвот благодарение на Модриќ.

„Модриќ на 40 години прави разлика во Милан. Зборуваме за голем шампион. Милан направи одличен потег со неговиот ангажман. Тој е лидер каков што ѝ недостигаше на екипата. Ми се допаѓа на теренот, но и надвор од него“, кажа Кафу.