Флик ќе го реши проблемот во одбраната со засилување од Интер
Каталонските медиуми пишуваат дека Барселона ќе се обиде да го договори Стефан Де Вриј, кој не е повеќе стандарден во Интер.
Цената на искусниот дефанзивец изнесува околу три милиони евра, колку што сака Барселона да плати за неговите услуги.
Де Вриј пристигна во Интер во 2018 година, а оваа сезона настапи на 11 натпревари за „нераѕурите“.