Каква глупост: Соиграч на Мато направи потег кој е тешко да се објасни (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Уганда е пред пораз од Нигерија која води со 3-0, а голема глупост на овој натпревар претходно направи голманот на репрезентацијата во која игра и вардарецот, Роџерс Мато, Мангола.

Имено, чуварот на мрежата на Уганда при една контра на Нигерија истрча далеку од својот гол и кога веќе беше неколку метри пред шеснаесетникот одлучи со рака да го спречи напаѓачот на Нигеријците да погоди.

Навистина не е јасно што мислеше во тие моменти кога се одлучи на таков потег знаејќи дека според правилата му следи директен црвен картон. Во тие моменти Уганда губеше со 1-0, а неколку моменти по неговото исклучување, Нигерија постигна и уште два гола.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vuvuzela (@vuvuzela.foot)