Мато даде гол на еден од фаворите за трофеј на АКН, Уганда загуби (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Нигерија и со изменет состав лесно славеше против Уганда со 3-1, во натпрревар во кој гол потигна и вардарецот, Роџерс Мато.

Нигерија во текот на комплетниот натпреевар беше подобра на теренот, а до водство дојде со голот на Онуачу во 28-та минута.

Во второто полувреме видовме и голема глупост на голманот на Унганда Мангола во 56, минута кој по десетина минути на теренот откако влезе во вториот дел беше исклучен (TУКА).

Нигерија набрзо потоа во 62. и 67. минута постигна два гола, додека Мато само за утеха стрелаше во 75. минута.

За Мато ова беше прв гол на Африкансккиот Куп на Нации и вкупно седми во дресот на Уганда.

Во вториот натпревар од оваа група, Танзанија и Тунис ремизираа 1-1.