Пике ќе ја прекине пензијата и ќе заигра за Андора!?

Легендарниот дефанзивец Жерар Пике сака да се врати на фудбалските терени, а во иднина планира да игра за екипата на Андора.

Сопственик на Андора е токму компанијата на Пике, па искусниот стопер наскоро би можел да заигра за неговиот сопствен тим.

Пике се повлече од професионалниот фудбал додека играше за Барселона, но сега на 38-годишна возраст би можел да ги покаже своите способности.

Фото: EPA