Револуција во светот на фудбалот: Инфантино го менува правилото за офсајд!?
Првиот човек на ФИФА сака да го промени правилото за офсајд во иднина, со цел фудбалот да се направи поатрактивен за гледачите.
Инфантино кажа дека со воведување на ВАР-технологијата имале за цел да им помогнат на судиите да ги намалат грешките, но сега смета дека „милиметарските“ офсајди предизвикуваат фрустрација кај сите.
Поради тоа ФИФА ја разгледува идејата да се воведе офсајд само ако напаѓачот е целосно пред последниот дефанзивец, а не поради минимален дел од телото, како рамо или колено.
Оваа промена треба да донесе повеќе голови, помалку контроверзи и појасни одлуки на судиите со што ќе се задржи духот на играта.