Каталонското дерби прогласено за натпревар со „висок ризик“, причина е само еден човек
Станува збор за голманот на Барселона, Жоан Гарсија кој ова лето се пресели од Баселона во Еспањол за сума од 25 милиони евра и на тој начин предизвика големо незадоволство помеѓу навивачите на овој тим.
Поради ваквата ситуација во Еспањол сакаат да се сигурни и работаат на тоа ништо да не препуштат на случајноста кога е безбедноста во прашање.
Како дел од превентивните мерки, клубот планира да постави заштитна мрежа зад головите за да спречи фрлање предмети на теренот.
Ќе потсетиме, Барселона е прва во Ла Лига со 46 бодови, четири повеќе од Реал и е во низа од осум победи.