Мурињо казни новинар, пишувал лажни вести за него!
На прес-конференцијата по победата на Бенфика над Фамалика со 1-0, Мурињо одби да одговори на новинарско прашање затоа што новинарот кој го постави објавил лажна вест за Португалецот.
„Оваа недела објавивте лажни вести за мене. Што се однесува до главниот дел од вашата статија, ве известувам дека се лажни“, му рече Мурињо на новинарот кога тој му го постави прашањето.
Новинарот беше упорен, па го повтори прашањето, но Мурињо му стави јасно дознаење дека одговор нема да добие.
„Казнети сте. Нема да ви одговорам. Можеби следната недела“, беше јасен Мурињо.