Лудо: Славниот Рене Игита го повтори легендарниот „шкорпион“ од пред 30 години (ВИДЕО)

Легендарниот голман, Рене Игита уште еднаш докажа зошто неговото име има посебно место во историјата на светскиот фудбал.

На хуманитарен натпревар во Колумбија, Игита на 60 години повторно го изведе легендарниот „шкорпион“ потег со кој се прослави во минатото.

Игита на овој начин обележа и 30-годишнина од неговиот најпознат настап и славната одбрана на „Вембли“ против Англија во 1995 година.