Српски кошаркар раскажува за играњето пред мортус пијани навивачи во Свети Николе (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар, Владимир Филиповиќ, кој ѝ е одлично познат на нашата кошаркарска јавност со настапите пред се за Работнички, но и за Лирија, Кожув, Карпош Соколи, Куманово и Овче Поле, сега има свој поткаст каде што раскажува анегдоти од богатата кариера, меѓу кои најде место и играњето на слатава Свети Никола и тоа во Свети Николе.

Тој во сезоната 2010/2011 го облече дресот на тогашниот светиниколски прволигаш Овче Поле и тоа по три години минати, каде што, очигледно, бил сведок на многу интересни моменти за кои и сега уште говори.

„Во Свети Николе сите слават Свети Николе, поради во што целото место испарува алкохол и сите се 'одземени' од него. Кога од соблекувална влегуваш во салата, ние буквално ќе се загушевме од испарувањата од трибините на кои сите буквално се мртви пијани, а згора на тоа има и оркестар со труби кој не престанува да свири. Целиот град мириса на алкохол, тоа е нешто што само може да се доживее, а не може прецизно да се раскаже“, вели меѓу другото популарниот Чика Миге.

Филиповиќ важеше за исклучително добар бек со незгоден влез и прецизен шут, поради што најголемиот дел од кариерата и го мина во македонската кошарка. Видеото со анегдотата за Свети Николе може да ја погледнете ТУКА.