Меси е подготвен, но Скалони остана без друг фудбалер – ќе повика замена!
Балерди се повредил на вчерашниот тренинг, а според првичните информации го очекува пауза од најмалку еден месец. Тоа значи дека нема да може да им помогне на соиграчите во одбраната на светската титула. Веста ја потврди и аргентинскиот новинар Начо Риварола.
„Балерди отпадна од Мундијалот. На последниот тренинг заработи тешка повреда на ногата. Ми беше кажано дека го очекува закрепнување од најмалку еден месец“, објави Риварола.
Оваа повреда претставува сериозен удар за амбициите на Аргентина, но и за самиот фудбалер, кој останува без можност да настапи на најголемата светска сцена.
Сега Скалони ќе мора брзо да реагира и да пронајде соодветна замена пред првиот натпревар на Аргентина на Светското првенство против Алжир, кој е закажан за 16 јуни, а во групата со актуелните светски шампиони се уште Австрија и Јордан.
Oд друга страна малите дилеми кои беа присутни околу ситуацијата на Меси кој се соочи со истегнување на мускулот во последниот настап за Интер Мајами, се отстранети и тој ќе биде максимално подготвен за првиот натпревар.
Фото: Selección Argentina/FB