Американците сепак направиле проблеми, голем дел од делегацијата на Иран не може да влезе во САД!

Сите 26 фудбалери на Иран конечно добија визи и ќе можат да влезат на територијата на САД, меѓутоа со проблем се соочил дел од стручниот штаб на репрезентацијата.

Според иранските медиуми без визи останал комплетниот медицински персонал, како и тим-менаџерот Мехди Мохамаднаби, генералниот секретар на Фудбалската федерација на Иран Хедајат Момбеини, но и претседателот на федерацијата, Мехди Таџ. 

Сите останати членови на стручниот тим ќе ја следат репрезентацијата во Мексико каде што ќе биде сместена, додека за останатите ќе продолжат напорите да се обезбеди виза. 

Иран првично планираше базата за Светското првенство да ја постави во Тусон, Аризона, но подоцна, во координација со ФИФА, операциите биле преместени во Тихуана со цел да се намали времето кое тимот би го поминал во САД.

На Светското првенство, Иран ќе игра во група со Белгија, Египет и Нов Зеланд.