Maркез излета од патеката, па освои пол-позиција во Унгарија (ВИДЕО)

Maрк Маркез иако се најде во проблем и на почетокот излета од патеката во Унгарија сепак на крајот дојде до пол-позиција.

Маркез се соочи со проблем на првата кривина од вториот дел во квалификациите, меѓутоа на крајот постави најбрзо време со 1:36.785, а 53 стотинки зад него остана Педро Акоста.

Ќе потсетиме, Шпанецот пред еден месец имаше и операција на рамото откако се повреди во Ле Ман, па прашање беше дали и денес ќе се најде на патеката, Сепак, успеа брзо да се опорави и да стигне до својата 76-та пол-позиција во кариерата.

Како трет на утрешната трка ќе тргне Дермин Алдегуер, а зад него Фабио Ди Џанантонио кој исто така денеска имаше проблеми и Франческо Бањаја.

Трката е закажана за утре од од 14 часот, додека денеска ќе се вози и спринтот од 15:00 часот.