Драма на церемонијата на Црвена Звезда – се онесвести сопругата на Драган Џајиќ

На церемонијата за промоција на монографијата на Црвена Звезда се случи драма што ги загрижи сите присутни. Сопругата на Драган Џајиќ, Бранка, во еден момент ја изгубила свеста и паднала.

За среќа, госпоѓата Џајиќ брзо се опоравила, а српските медиуми објаснија што се случило на свеченоста.

„Во еден момент ја изгуби силата и свеста и почна да паѓа, а многу брзо луѓето околу неа ѝ дојдоа на помош и ја фатија, за да не заврши на земја. Ѝ пружија прва помош и за среќа, после тоа сè беше во ред со Бранка Џајиќ, бидејќи брзо се опорави од несвесната состојба“, објавија тие.

Драган Џајиќ, како почесен претседател на клубот и голема легенда на Црвена Звезда, претходно беше еден од говорниците на церемонијата.