Големиот српски талент се врати на терен по борбата со канцер и многуте хемотерапии (ВИДЕО)

По повеќемесечна тешка здравствена битка, најголемиот српски кошаркарски талент Никола Топиќ повторно стапна на паркетот, што претставува најубавата можна вест за љубителите на кошарката.

По оперативниот зафат и серијата хемотерапии, младиот плејмејкер се врати во салата и повторно тренира со екипата. Иако последиците од терапијата се видливи, Топиќ повторно е таму каде што му е местото – меѓу соиграчите и со топка во раце. За него, враќањето на теренот е далеку поважно од секој надворешен детал, бидејќи паркетот отсекогаш бил негов втор дом.

Станува збор за лесен тренажен процес и загревање, но присутните забележале дека неговото препознатливо движење и агресивниот продор кон кошот сè уште се присутни. Сепак, стручниот штаб и самиот кошаркар се свесни дека патот до целосна натпреварувачка форма ќе биде постепен и ќе бара внимателно дозирање.