Џабар замина во историјата – Јокиќ е најдобар!
Тоа беше доволно и за импресивен НБА рекорд, бидејќи Никола Јокиќ стана центар со најмногу асистенции во историјата на лигата. Српскиот интернационалец го заврши натпреварот со 23 поени (10/17 од поле), 11 скока и 13 асистенции за 35 минути на теренот.
Со тие 13 успешни додавања кон кошот, Јокиќ го надмина Карим Абдул-Џабар на вечната листа на центри и сега е прв по тој параметар во историјата на лигата. Србинот сега има 5.667 додавања за кош, седум повеќе од поранешната ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс.