Брутална партија на Дончиќ – трипл дабл со 45 поени (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ одигра уште еден феноменален натпревар во НБА, овојпат постигнувајќи трипл дабл во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Јута Џез со 143-135.

Познато е дека Јута игра само во еден правец, офанзивно, па Лејкерс предводени од нивниот најдобар играч мораа да одговорат на ист начин. Во престрелката, Дончиќ постигна 45 поени, со уште 14 асистенции и 11 скока, но и клучни поени за победата. Лука стана стана првиот кошаркар на Лос Анџелес по 1981  година кој остварил трипл дабл со најмалку 40 постигнати поени.

Во последната четвртина, Словенецот погоди тројка речиси од центарот, со која Лејкерс им избегаа на гостите, а потоа го решија натпреварот. Домашната екипа постојано имаше двоцифрена предност, но Јута неколку пати се приближуваше до четири поени негатива, кога, по правило, на сцена стапија Дончиќ и Леброн Џејмс.

„Кралот“ го заврши натпреварот со 28 поени, 10 асистенции и седум скока, а заедно со Лука, ја донесе оваа победа со голем број поени. За Јута, Кајод Џорџ имаше 34 поени, додека Јусуф Нуркиќ постигна 15, заедно со осум скока и седум асистенции.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Атланта 133-126
Индијана – Њујорк 113-114
Бруклин – Мајами 95-106
Милвоки – Торонто 105-111
Њу Орлеанс – Хјустон 133-128
Оклахома – ЛА Клиперс 122-101
Сан Антонио – Вашингтон 119-94
Далас – Детроит 116-114
Денвер – Орландо 126-115
Феникс – Голден Стејт 99-98
Јута – ЛА Лејкерс 135-143
Портланд – Сакраменто 134-133