Италијанците не се како Шпанците: Мечот меѓу Милан и Комо ќе се игра во Австралија
По големиот притисок во јавноста, тој меч беше откажан и ќе се игра на стадионот на Виљареал. За разлика од Шпанците, Италијанците останаа на својата замисла и во февруари ќе го имаат првиот натпревар од Серија А што ќе се игра во Австралија.
„Милан-Комо ќе се игра во Перт на 8 февруари како што е планирано. Се сретнавме со Инфантино во Доха, беше многу срдечна средба како и секогаш. Имавме низа сомнежи околу некои од поставените услови, кои ги сметавме за непрактични, на пример, барањето да се користат судии од Азиската федерација, бидејќи имаме голема доверба во нашите италијански судии. Сепак, Пјерлуиџи Колина нè увери во квалитетот на азиските судии и посочи неколку службени лица на кои би можело да им се додели одговорноста. Тоа беше најтешкото нешто за прифаќање, најголемата пречка, но ја надминавме благодарение на уверувањата од Колина“, рече првиот човек на Серија А, Ецио Симонели.
Италијанците веќе неколку години играат натпревари надвор од земјата, но тоа се дуели од Суперкупот.