Шкендија со пласманот во плејоф ја дополни клупската каса!

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија се пласира во плејофот на Конференциската лига на УЕФА, а тоа им донесе дополнителна заработка.

Шкендија доби дополнителни 200.000 евра за пласманот во нокаут-фазата на елитното натпреварување, па така стигна до речиси шест милиони евра за настапите.

Тетовци во плејофот ќе се соочат со Лех Познањ или Самсунспор, а нова победа би значел и дополнителен приход за македонскиот тим.

Кој ќе биде ривал на Шкендија во првата рунда од плејофот ќе биде познато на 16 јануари на ждрепката.