Хрватски фудбалер се откажува од големо богатство само за да се врати во Европа!
По речиси две ипол години во Ријад, преговорите за продолжување на договорот се заглавени, што сериозно ја отвора опцијата за негово враќање на европската фудбалска сцена. Како што пренесува реномираниот италијански трансфер-инсајдер Николо Шира, Ал-Наср му понудил нов договор на Брозовиќ, иако актуелниот истекува во летото 2026 година. Сепак, понудата вклучувала значително намалување на платата, што 33-годишниот играч не го прифатил, по што разговорите биле прекинати.
Саудиските медиуми откриваат дека трпението во клупското раководство е при крај и дека Ал-Наср е подготвен уште во зимскиот преоден рок да се раздели со Брозовиќ, па дури и да го раскине договорот за да му овозможи како слободен играч да си најде нов клуб. Во игра е и опцијата за финансиска компензација при заминување, што јасно укажува дека клубот веќе не планира сериозно да смета на неговите услуги и покрај фактот дека Брозовиќ зад себе има 99 настапи, осум голови и 20 асистенции во дресот на Ал-Наср.
Потенцијалното враќање во Европа би значело и откажување од енормната плата од околу 25 милиони евра по сезона, со која Брозовиќ стана најплатениот хрватски спортист во историјата. За споредба, Јошко Гвардиол и Матео Ковачиќ во Манчестер сити заедно заработуваат помалку од неговата годишна заработка во Саудиска Арабија.