Центар по „стоти пат“ објави дека салата на Работнички наскоро ЌЕ биде отворена! (ВИДЕО)

Екипата на Работнички е на чекор до враќање во својата матична сала, откако градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по „стотти пат“ најави дека спортскиот објект наскоро целосно ќе биде подготвен за користење.

Првиот човек на Центар преку видео објава на социјалните мрежи откри дека градежните и техничките активности се во завршна фаза, што отвора простор салата во краток рок да биде официјално пуштена во употреба.

„Паркетот е поставен, кошевите и семафорите се монтирани. Работнички е подготвен – започнуваме одбројување до отворањето“, порача градоначалникот во својата објава.

Герасимовски претходно најави дека дерби-дуелот меѓу Работнички и МЗТ Скопје (одигран минатиот викенд) ќе се одигра токму во новата сала, но поради тоа што објектот не беше навреме отворен, натпреварот мораше да се „пресели“ во СРЦ „Кале“. Првичната најава, пак, за отворање на реновираниот „Градски парк“ со драстично намален капацитет беше за почетокот на оваа сезона, рој што веќе одамна е надминат.